Директорот на „Театар комедија“, Сашо Ристовски, е разрешен од функцијата поради неправилности во работењето.
Ова е откриено со вонреден инспекциски надзор. Екс-директорот на еден од најуспешните театри во земјава потрошил повеќе одошто Министерството за култура му одобрило.
Од Министерството објавија дека се работи за 8 734 486 денари, кои биле ненаменски потрошени, спротивно на чл.70-а, став 4 од Законот за култура.
До изборот на нов директор, за в.д. директор е назначена Нора Шаќири-Марковиќ, вработена во Театарот.