Темно Режим Светло Режим

Како е откриен Игор Спасов: Ја тепал девојката, бугарската полиција констатирала потерница од Интерпол

Игор Спасов, oсудениот за убиството на Мартин Нешкоски, бил откриен од бугарската полиција и уапсен откако жената со која живеел во софиската населба „Младост“ го пријавила за насилство.

Според Бугарското национално радио, за време на увидот било утврдено дека тој се бара од Интерпол.

Понатамошните проверки покажале дека Спасов неодамна дошол во Бугарија од Турција, а допрва треба да се испита како лице кое 15 месеци е барано со меѓународна потерница, ја поминало турско-бугарската граница.

По Спасов беше распишана меѓународна потерница откако не се врати од боледување на издржување на 14 годишната затворската казна од која одлежа шест години, а од затворот излезе времено поради здравствени причини.

 

Претходниот Пост

Се продава „Рамстор“, потенцијален купувач е газдата на „Капитол мол“ и хотел „Хилтон“

Следниот Пост

Организаторот на протестите за „Монструм“ повикан во полициска станица