Home АКТУЕЛНО Зошто преку механизмот Ковакс ќе добиеме вакцини од „Астра Зенека“?

Зошто преку механизмот Ковакс ќе добиеме вакцини од „Астра Зенека“?

0
Зошто преку механизмот Ковакс ќе добиеме вакцини од „Астра Зенека“?

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека, кои вакцини ќе се набават одлучува Ковакс, но одлуката да добиеме од производителот „Астра Зенека“ најверојатно е бидејќи системот имал најлесен пристап кон производството на оваа вакцина, отколку до оние на „Фајзер“ поради проблеми со количините во овој момент.

Тој вели дека во овој случај вакцинацијата не треба да се политизира, бидејќи сите вакцини што се користат во светот се безбедни, а обврска на државите кои ги примаат е да бидат спремни да ги пречекаат вакцините.

На прашањето, каков пристап има земјава кон тоа што неколку европски земји се изјасниле дека вакцината на „Астра Зенека“ нема да ја даваат на лицата над 64-годишна возраст, министерот Филипче рече дека тоа е став на неколку национални агенции од неколку европски земји, сѐ уште не е влезено во официјалното упатство, меѓутоа сигурно дека ќе се следат насоките од официјалните европски агенции.

Предвидено е меѓу 100 и 170.000 вакцини да добиеме преку Ковакс во првите два квартала на оваа година, а 25 до 30 проценти од нив ќе стигнат во март.

За руската вакцина, како што рече, засега нема разговори.