Облачно, но потопло, без минусни температури

Претпладне со магла и ниска облачност во одделни котлини, во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди, а во вечерните часови и во текот на ноќта почнувајќи од североисток ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на повисоките планините од слаб снег кои до утринските часови врнежите ќе престанат.

Минималната температура ќе се движи од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Од утре следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност.

Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.

Претходна вест„Фајзер“ ги смени упатствата: Вакцината може да се чува и на температура од -25 до -15
Следна вестВистинска ли е владината желба да се заштити Водно – вистински?