Триста дваесет и девет кандидати се пријавени за Нобеловата награда за мир за 2021 година, што е уште една рекордна година по 2016та кога на крајот имало вкупно 376 пријавени кандидати.
Се работи за 234 поединци и 95 организации, и иако имињата на кандидатите не се соопштуваат, оние кои ги предлагаат кандидатите можат јавно да го објават името на својот кандидат. Така, засега се знае дека тука се Светската здравствена организација, Сојузот за вакцини, Коалицијата за иновации во текот на епидемија, Доналд Трамп, неговиот зет Џаред Кушнер, престолонаследникот на ОАЕ Мухамед бин Зајед ел Нахјан, Грета Тумберг, Алексеј Навални, белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја и многу други.
Нобеловиот комитет ќе го објави својот избор на 8 октомври.