Министерството за труд ќе испитува дали несреќното дете од Гостивар било малтретирано

Откако Јавното обвинителство објави дека седумгодишното дете кое се задуши во денешниот пожар во зграда во центарот на Гостивар било врзано со синџир околу нозете, Министерството за труд и социјална политика информира дека ова семејство добило сместување преку Центарот за социјална работа – Гостивар, а добивале и психосоцијална помош и поддршка.

Но, од Министерството велат дека досега во гостииварскиот Центар не се пристигнати никакви пријави или информации за каков било тип на родителска негрижа, злоупотреба или несовесно однесување кон кое било од децата во семејството, кое не било корисник на ниту едно право или, пак, услуга од социјалната  и детската заштита.

Ваквата вознемирувачка информација за третманот на детето Обвинителството ја добило од првичниот наод на лекарскиот тим кој бил на самото место на пожарот.

Сега, освен што ќе се истражуваат причините за пожарот, во кој е повредена и една 35-годишна жена која е во критична состојба, Министерството за труд и социјална политика преку Центарот во Гостивар детално ќе го испита случајот во врска со семејството и состојбата на децата, по што ќе бидат преземени соодветни мерки во интерес на децата.

Претходна вестФилипче формира комисијата за случајот со дебарската родилка
Следна вестУтре состанок на Комисијата за заразни болести- Прилеп бара полициски час од 19 часот