Филипче формира комисијата за случајот со дебарската родилка

Комисија од Министерството за здравство ќе ја анализира стручната работа на Општата болница во Струга во случајот со родилката од Дебар Јилдиз Веаповска на која при породувањето и беа извадени три органи.

Комисијата во која има 5 члена, треба најдоцна 8 дена по надзорот до Министерството да достави извештај во кој ќе се констатира состојбата, евентуални недостатоци, неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствена заштита.

Исто така треба да даде и стручно мислење за состојбата во установата и настанатите или можни последици по здравјето на пациентот и предлог за определување мерки за отстранување на недостатоци или пропусти и рокови за нивно отстранување.

Филипче пред неколку дена најави дека случајот на Веаповска не е затворен со извештајот на Лекарската комора, која утрврди дека немало лекарска грешка.

Претходна вестКовид – статистика што загрижува: 24 починати и речиси 1.000 нови заразени за 24 часа
Следна вестМинистерството за труд ќе испитува дали несреќното дете од Гостивар било малтретирано