До крајот на април во Македонија треба да стасаат вкупно 300.000 различни вакцини против корона вирусот, најави денеска премиерот Зоран Заев. На прес-конференцијата посветена на економските мерки на Владата, тој одговори на новинарско прашање врзано за набавката на вакцините.
-Во текот на нареднава недела ќе добиеме меѓу 20.00—25.000 вакцини од ЕУ во рамките на нејзиниот пакет за Балкан. Треба да стасат и први количества од „Фајзер“ и втора пратка на вакцини „Астра Зенека“ преку Ковакс-механизмот. Очекуваме и 200.000 кинески вакцини, како и поголем дел од руските, најави премиерот.
Дали вака навистина и ќе биде – останува да се види, до сега беа кажувани многу крајни рокови, па потоа беа пролонгирани.