Го запреле за сообраќаен прекршок, го привеле поради агресивност

Вчера на автопатот Тетово-Гостивар приведен е скопјанец поради агресивност, откако претходно го запреле за да му укажат дека сторил сообраќаен прекршок.

Настанот се случил околу пладне, кога полицајци од СВР Тетово го привеле 37-годишниот скопјанец  Г.Н., кој во близина на клучката за тетовско Горно Седларце, со „крајслер“ со скопски регистарски ознаки направил сообраќаен прекршок, а откако бил запрен, агресивно се однесувал кон полициските службеници.

Приведениот бил задржан во полициска станица во Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Претходна вестБројот на пациентите со ковид во болниците се намали на 1.068, во Скопје нови се 24
Следна вестДизелот поскапува за половина денар, бензините остануваат исто