Темен режим Режим на светлина

Се приближува ли денот кога нема да имаме ниту еден нов случај со ковид – денеска двајца

Во последните 24 часа, од направени 2.216 тестирања, регистрирани се 2 нови случаи на ковид-19 и двата од Скопје.

Воедно, не се регистрирани ниту починати, ниту оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.684, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 223, од кои 89 во Скопје.

Во 15 општини нема ниту еден активен случај.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ако продолжи ваквата епидемиолошка состојба можно е во август или во септември да се прогласи крај на епидемијата.

Тоа би значело да има два репродуктивни циклуси од по 14 дена во кои нема регистрирано нови случаи. Маските на затворено пак, ќе останат до оној момент кога 28 дена по ред ќе нема ниту еден случај, што би можело да се случи во август.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Цела држава се отвори, само Советот на Град Скопје и натаму со онлајн седници

Следна објава

Даниела Николова од СДСМ седнува на пратеничкото место на Богдановски од ДОМ