Темен режим Режим на светлина

Еден починат и пет нови заразени, во 17 општини нема активни случаи

Во последните 24 часа од направени 2.531 тестирања, регистрирани се 5 нови случаи на ковид во Скопје – 2, Велес, Кавадарци и Берово – по 1.

По неколкудневно затишје денеска е регистриран починат пациент на 76-годишна возраст од Виница.

Регистрирани се 86 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.689, бројката на оздравени пациенти е 150.063, на починати е 5.485, а бројот на активни случаи изнесува 141, од кои 60 во Скопје.

Во 17 општини нема ниту еден активен случај.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Часови по конфузија: Ќе се користат дигитални учебници од септември или не?

Следна објава

Од граѓаните се бара одговорност да не скокнат бројките на заразени, во спротивно рестрикциите се враќаат