Темен режим Режим на светлина

Цела држава се отвори, само Советот на Град Скопје и натаму со онлајн седници

Во услови кога има целосно олабавување на ковид-мерките во државата, Советот на Град Скопје и натаму одржува онлајн седници.

-Тоа е еден од начините да се избегне соочување со опозицијата и нејзините ставови, а самата ковид-криза се злоупотребува од страна на градот за одржување на онлајн седници во ситуација кога ниту една друга институција повеќе не одржува таков вид на седница, вели советничката Ирена Мишева од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија, која денеска на седницата за советнички прашања на градот Скопје, го постави токму ова прашање: Зошто се уште Советот одржува онлајн седници?

На почетокот на овој месец и Владата се врати на седници со физичко присуство, а и пратениците се вратија во старата сала за пленарни седници, во која не заседаваа повеќе од една година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Лекар антиваксер бил декан на Медицинскиот факултет во Пула- од вчера веќе не е

Следна објава

Се приближува ли денот кога нема да имаме ниту еден нов случај со ковид - денеска двајца