Оние граѓани кои не сакаат да примат попишувачи зата што не се вакцинирани. ќе им се излезе во пресрет и ќе има рокади.
Вака премиерот Зоран Заев одговори на новинарско прашање како ќе се решаваат ситуации со оние граѓани кои нема да примат невакцинирани попишувачи.
За ова веќе разговарал со министерот за правда и со директорот на Заводот за статистика, иако како што рече, мал е процентот на ваквите реакции, затоа што и поголем дел од попишувачите се вакцинирани, како и над 50 проценти граѓани над 40 години.
-Имајќи предвид дека пописот се спроведува 20 дена, овој пат е 25 дена имаме дополнителни можности за флексибилно постапување се со конечна цел стопроцентно да ги собереме сите податоци од нашите граѓани, истакна Заев.
Пописот ќе почне во недела, на 5-ти септември, и ќе трае до 30-ти септември. До тој ден ќе трае и онлајн пописот на дијаспората што почна на 1 март. До денеска наутро во дијаспората се попишани 190 890 граѓани