Темен режим Режим на светлина

Генералното собрание на ОН во исчекување – Пендаровски ќе држи говор

Да се обратиш на Генералното собрание на ОН не е мала работа. Но, и Генералното собрание понекогаш има да чуе навистина историски говори од светските лидери. Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска е веќе во Њујорк по повод учеството на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации – ќе има и говор.

Пендаровски на 23 септември 2021 година, четврток, ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.

Тој таму се очекува да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

Претседателот Пендаровски во Њујорк ќе учествува на Виртуелниот глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и закрепнување, како и на 20. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема „Што значат мирот и стабилноста во 21. век?“.

За време на посетата Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, која ќе се обрати на настанот на високо ниво посветен на одбележувањето на 30 години од глобалната 16-дневна кампања против родово-базираното насилство и ќе одржи предавање на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Колумбија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бил предупреден за лошиот квалитет на модуларните болници, но не реагирал

Следна објава

Арсовски: Три нови докази дека тендерот во „ЈП Водовод“ бил наместен