Темен режим Режим на светлина

ДЗСИ не констатира пропусти во 18 модуларни болници каде изврши надзор

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатира никакви неправилности при вонредните инспекциски надзори во 18 модуларни болници лоцирани во: Скопје , (ЈЗУ УКИБФС, ЈЗУ УК за педијатрија и ЈЗУ УК за Пулмологија) ЈЗУ КБ Штип, ЈЗУ ОБ Кочани, ЈЗУ ОБ Струмица, ЈЗУ ОБ Куманово,ЈЗУ ОБ Прилеп,ЈЗУ ОБ Гостивар,ЈЗУ КБ Битола ,ЈЗУ ЗД  Ресен ( во склоп на ЈЗУ Здравствен дом) ЈЗУ ОБ Гевгелија,ЈЗУ ОБ Струга, ЈЗУ ОБ Охрид,ЈЗУ ОБ Кавадарци, ЈЗУ ОБ Велес,ЈЗУ ОБ Кичево и ЈЗУ ОБ Дебар.

Предмет на надзор согласно надлежностите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат бил:

-капацитетот на болницата со број на болнички соби, болнички кревети , дополнителни простории, монентална исполнетост  со број на хоспитализирани пациенти и од кога е во функција модуларната болница

-санитарно хигиенска состојба на објектот;

– потврда за извршена ДДД од овластена установа;

-дали се извршени здравствено-хигиенски прегледи на персоналот;

-дали и колку од персоналот се комплетно вакцинирани

-начин на селекција и диспозиција на медицински отпад и договор со овластен оператор кој го подига медицинскиот отпад;

-број на здравствен и останат пеерсонал кој се грижи за пациентите ( лекари, сестри, болничари,хигиеничари)

-дали постои писмен распоред на дежурства во модуларната болница;

-дали се почитува забраната за посета  на надворешни лица . Доколку се затекне било кое лице кое е во  посета, задолжитежно да се евидентира во записник ;

-увид во здравствената евиденција која се води во модуларната болница.

Во извештајот од ДЗСИ има дел кој се однесува на болниците во кои има пациенти и оние во кои нема – Битола, Гостивар и Кочани, кои во моментов служат како други објекти – во Штип, Ресен, модуларните болници во склоп на ЈЗУ клиника за пулмологија и ЈЗУ УК за детски болници и Дебар.

За модуларните болници каде има пациенти, во однос на санитарно-хигиенската состојба, утврдено е дека е извршената ДДД од овластена установа, селекција и диспозиција на медицински отпад, извршени се здравствено–хигенски прегледи, обезбедени се доволни количини на ЛЗО и средства за дезинфекција, а нема недостатоци ни во динамика на чистење и дезинфицирање на работните површини.

Во сите модуларни болници  е истакнато на видно место дека е забранета посета  и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица. Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал – лекари (специјалисти и специјализанти) и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти, соопшти МЗ повикувајќи се на извештајот од ДЗСИ.

Конкретно, за модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје се вели дека по принципот на ротација дежураат лекари – специјалисти интернисти  од сите клиники на Универзитетскиот клинички центар, а за нега на пациентите се грижат  болничари или сестри за нега, додека за одржување на хигиената се грижат хигиеничари.

За вработените во модуларните болници констатирано е дека се имунизирани, а дел имаат прележано ковид-19.

Вонредниот инспекциски надзор беше инициран по пожарот во модуларната ковд-болница во Тетово на 8 септември при што загинаа 14 лица.

Министерството за здравство тврди дека сите 19 модуларни ковид-болници во државата се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандардии, вклучувајќи ја и болницата во Тетово, се отворени после технички прием.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас. Во истрагата за пожарот се вклучени експерти од германската криминалистика.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Вози точак во Скопје додека не ти го украдат

Следна објава

Цените на бензините не се менуваат, дизелот поевтинува, поскапуваат лесното масло за домаќинства и мазутот