Не ме терајте повеќе да гледам вести на македонските телевизии, евентуално едни дневно можам да поднесам. Ете овао им го кажувам у редакцијата на „Македонско Ехо“, а они упорно ме тераат да сум гледал по неколку вести и да пишувам што сум видел, дали ми оставиле впечаток, кај згрешиле…
Ја им велам – ако продолжите вака да барате од мене неподнослива работа ќе си дадам оставка, а они се прснаа од смеење – оставка како онаа на Заев ли ќе ни дадеш?
Ете на кое дереџе не донесе овој премиеро, веќе и најавата за оставка никој сериозно да не ја прима. Сега и да дадам оставка уште долго ќе мора вести да гледам – таква дојде ситуацијата. Оставката ќе ми ја разгледувале у редакцијата неколку месеци, па после ќе ми кажале што решиле.
И сега што да правам? Реков дај да не бидам затечен како Заев кој поштено си даде оставка, па пробав да гледам вести. И? Едно ја мачи Македонија, сосема друго има на вестите. Народот едно вели на избори – по улици, ама уредниците форсираат што 2-3 „експерти“ кажуваат…
Просто не знам што е потешко, да гледам или оставка да поднесам.