Темен режим Режим на светлина

Наскоро ново кривично дело за несовесни возачи – безобзирно управување со моторно возило

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска најави дека наскоро ќе се воведе ново кривично дело во однос на безбедноста на сообраќајот – „Безобзирно управување со моторно возило“.

Со него се пропишува затворска казна и до 3 години, а доколку има смртни последици казната најмалку 4 години затвор.

Во однос на ублажувањето на казните и условна осуда за тешки дела во сообраќајот што беше случај повеќепати изминатиот период, министерот за правда најави дека ќе иницира дебата во рамките на Работна група и тоа во однос подобрување на законските решенија и елиминирање на можните злоупотреби во ова насока, како и анализа на примената на постојните одредби од страна на судовите и Јавното обвинителство, секако во однос на кривичните дела поврзани со загрозување на безбедноста во сообраќајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Веќе не се зборува за оставка на премиерот, туку за владина реконструкција

Следна објава

Конечно добиваме единствен број за пријави и помош - 112 стартува во февруари