Албанија попладнево ја укина одлуката за задолжителен двонеделен карантин за сите лица кои од Северна Македонија и од Грција влегуваат во Албанија, донесена на 20 април.
Од останатите мерки што од денеска се на сила во Албанија, се отворањето на универзитетите, но само за консултации и сезоната за испити и со строга примена на протоколите и мерките за заштита.
Според Огерта Манастирлиу, министерка за здравство, сите други ограничувачки мерки остануваат во сила, како што е и забраната за групирање на повеќе од десет лица, како и полицискиот час кој и понатаму ќе трае од 22 до 6 часот наутро.
Во Албанија досега се вакцинирани 537 илјади лица, при што над 100 илјади ги примиле и двете дози.