Темен режим Режим на светлина

Сончево со малку облаци, температура до 26 степени

Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

На скопското подрачје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 26 до степени.

На останатото подрачје во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 21 до 29 Целзиусови степени.

Следува период на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој во деновите од викендот ќе предизвика намалување на температурата за неколку степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Отворен е конкурсот за 4-иот по ред SKLAD

Следна објава

Се празнува Ѓурѓовден, празник на пролетта и спомен на Свети великомаченик Георгиј Победоносец