Темен режим Режим на светлина

Алпите – „енергетска банка“ на високоразвиената Европа

Алпите се срцето на европската хидроенергија. Планинскиот масив ја дава клучната флексибилност за интеграција на ветерот и сонцето во европската електроенергетски систем, додека истовремено е и под растечки еколошки притисок. Распослан на територијата на повеќе држави, Алпите се дом на големите акумулации со турбини вградени високо во планината, на над 1.800 метри надморска височина, но и на бројни мали хидроцентрали и пумпни акумулации. Производните капацитети се дел од повеќе национални системи, како оној на Швајцарија, Австрија, Италија и други.

Според Федерална канцеларија за енергија на Швајцарија, меѓу европските држави, Швајцарија се наоѓа на четвртото место според уделот на хидроенергијата во производството на електрична енергија, веднаш зад Норвешка, Австрија и Исланд. Во Алпскиот регион заклучно со крајот на минатата година располагала со 704 хидроцентрали со максимална моќност 16.576 MW и годишен производствен потенцијал 37.350 GWh.

Во Австрија, пак, која се наоѓа пред Швајцарија лани 60,2% од целата електрична енергија во земјата дошла од хидроцентрали. На северот од Италија, благодарение на хидропотенцијалот на алпските падини, енергијата на водата за првпат го натфрлила производството од капацитетите на фосилни горива. Во 2024 година хидроелектраните произвеле околу 36 TWh струја.

Хидроцентрали во заштитени зони и еколошки ограничувања

Најмоќната француска, но и европска пумпно-акумулациона хидроцентрала Grand’Maison со инсталиран капацитет од 1.800 MW е лоцирана на француска страна на Алпите.

Податоците на европските еколошки организации покажуваат јасен судир меѓу енергетските потреби и заштитата на природата. Сепак, околу 21% од постојните хидроцентрали се лоцирани во заштитени подрачја, а 28% од планираните проекти се предвидени да се градат во такви региони. Тоа значи дека речиси секој трет иден проект би навлегол на простор што е формално прогласен за природен резерват, национален парк или е од друга категорија на заштита.

Иако оваа состојба на Алпите изгледа особено чувствителна, факт е дека реките се под „комбиниран“ притисок поради изградените брани кои се со ограничувања да го одржат т.н. „еколошки минимум“ проток на вода во сушните месеци. Швајцарија често се наведува како модел за управување со овој предизвик. Таму постои детална статистика на Федералната канцеларија за енергија (BFE), која го следи секој проект поединечно и обезбедува податоци за инсталиран капацитет, годишен потенцијал и влијание врз речните сливови. Токму тие бројки се користат како основа за проценка на еколошките текови и за одредување на минималните проточни режими што мора да се почитуваат за да се зачува биодиверзитетот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во Берово утрово најстудено со еден степен, најтопло во Гевгелија со 16

Следна објава

АНКЕТИ: Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ убедливо водат во трката за Град Скопје