Темно Режим Светло Режим

Американска нуклеарна подморница вплови во јужнокорејските води, САД и Јужна Кореја се кординираат за можна нуклеарна војна со Северна Корејаа

Американска подморница со балистички проектили со нуклеарен погон (SSBN) заплови во територијалните води на Јужна Кореја за првпат од 1980-тите, изјави денеска Курт Кембел, координатор на Белата куќа за Индо-пацифичкиот регион. Тој потврди дека двата сојузника почнале разговори за координиран одговор во случај на нуклеарна војна со Северна Кореја.

Кембел потврди дека посетата на американската делегација е во тек, што се очекуваше по најавата дадена во заедничката декларација за време на самитот меѓу јужнокорејскиот претседател Јун Сук Леол и американскиот претседател Џо Бајден, што се одржа минатата година во Вашингтон.

-Додека денеска зборуваме американска нуклеарна подморница влегува во пристаништето Бусан. Тоа е прво пристигнување на американска нуклеарна подморница по децении, изјави Кембел на брифинг во Сеул, каде што присуствуваше на првите нуклеарни разговори со јужнокорејските власти.

Претходниот Пост

Големи пожари во Грција, во пламен популарно одморалиште, 1.200 деца евакуирани од кампот

Следниот Пост
Џабе се нови булевари и асфалти ако улиците се преплавени со возила, оти скопјани ги избегнуваат автобусите на ЈСП

ЈСП „Скопје“ лани имало загуба од 6,2 милиони евра, бара Град Скопје да ја плати