Анкета на ИПИС: 72,8 отсто од етнички Македонци не го прифаќаат францускиот предлог

Убедливо мнозинство на етнички Македонци не го прифаќаат почеток на преговори со ЕУ доколку услов за тоа е прифаќање на францускиот предлог, покажала анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС). Институтот спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 4 и 6 јули 2022 на 1.114 полнолетни испитаници на ниво на Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии, како и за одредени актуелни прашања.

На прашањето, дали би прифатиле почеток на преговори со ЕУ, по цена Македонија да се согласи со т.н. француски предлог, 72.8 отсто од етничките Македонци опфатени со анкетата одговориле не. Од вкупниот број на испитаници, каде се содржани и одговорите од другите етнички заедници во Македонија, против францускиот предлог се изјасниле 56 отсто од испитаниците.

62.8 отсто од етничките Македонци сметаат дека новиот предлог е ист како претходниот, а 67 отсто од нив ги поддржуваат протестите кои во изминатите денови се одржуваат во Скопје, на кои демонстрантите бараат од Владата да го одбие предлогот.

Претходна вестСпасовски тврди дека полицијата го спречила инцидентот кај „Скендербег“, но дали ја имаше доволно за да тој воопшто не се случи?
Следна вестВечерва пак ќе се протестира но со сменета маршрута