Темен режим Режим на светлина

Апелацискиот суд се изјасни за случајот „Титаник“: Затворската казна на Јанакиески намалена на 3,6 години, Јанкуловска доби условна осуда…

Преиначени се дел од казните изречени во првостепената постапка во случајот „Титаник“ шпто го покрена некогашното Специјално јавно обвинителство, одлучи денеска скопскиот Апеласицски суд.

Дел од изречените казни се потврдени.

Апелациските судии одлучија претходно изречената затворска казна на поранешниот министер Миле Јанакиески да му се намали за девет месеци со што сега ќе треба да одлежи 3,6 години затвор.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска сега добива условна осуда наместо 2,5 години казна затвор.

За Мартин Протуѓер останува условната осуда, додека Мунир Пепиќ, исто, добива условна осуда наместо една година затвор.

Освен тие што признаа вина, обвинети во „Титаник“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, ексгенералниот секретар на тогашната влада, Кирил Божиновски, поранешниот пратеник Илија Димовски, некогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, како и уште други 12 обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Јавно обвинителство: Доказот што беше неопходен за случајот „Феникс“ е примен на 1 јуни

Следна објава

Уапсени две лица од Сингелиќ, при претрес пронајдени фалсификувани евра