Арсовска: Нема да одам на одмор, ќе им се посветам на проектите за Скопје

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска синоќа соопшти дека не планира да оди на годишен одмор ова лето. Таа, како што изјави, ќе се посвети на градот Скопје.

-Имаме градежна офанзива која ја започнавме, активна реконструкција следи некаде до крајот на септември, на сето она кое што го правевме како проекти во изминатите месеци. Дојдовме во град без проекти и единствени работи затекнати во реализација се оние проекти кои што ги напоменувавме досега, а беа оставени со бројни проблеми и предизвици. Проблемите кои што ги затекнавме полека ги решаваме, се посветуваме на новите проекти и она што беше во програмата и гледаме активно што е можно повеќе да ги реализираме барањата на граѓаните уште во првата година на мандатот, рече Арсовска во гостување на „Инфомакс“.

Претходна вестВо камион во Тексас пронајдени 46 мртви мигранти
Следна вестМилошоски го пријави во полиција Азири кој се закани со кршење раце и нозе