Темен режим Режим на светлина

Бесплатен паркинг на ПОЦ во Центар за време на Велигденските празници

Бесплатен паркинг на ПОЦ во Центар за време на Велигденските празници Бесплатен паркинг на ПОЦ во Центар за време на Велигденските празници

На 10.04. (петок), 12.04. (недела) и 13.04.2026 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла”, „Трготекстил” и „Палома Бјанка” каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.

Согласно програмата за неработни денови за 2026 година, 11.04.2026 година (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците, информираат од таму.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ормутскиот теснец официјално е отворен, ама речиси и да нема пловидба

Ормутскиот теснец официјално е отворен, ама речиси и да нема пловидба

Следна објава
(Видео) Издвојуваме, што е ново во Скопје, што да гледате во денешниот ИНФОСКОП – 9 април?

(Видео) Издвојуваме, што е ново во Скопје, што да гледате во денешниот ИНФОСКОП – 9 април?