Без струја неколку скопски општини

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат општините Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров и Илинден.

Oд 09:00 до 10:30 часот, корисниците од делови од улиците: Христифор Жефаровиќ, Пролетна Офанзива и Радован Ковачевиќ во општина Гази Баба.

Oд 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улица Багдатска бр.20 и бр.18., булевар Партизански Одреди бр.59., улица Рузвелтова бр.30 и бр.47 Ангел Димовски и 23-ти Октомври во општина Карпош.

Oд 09:00 до 14:00 часот, корисниците од населбата Стопански двор (Блага вода) – дел од улицата покрај гробиштата кај црквата Св.Арахангел Гаврил во општина Ѓорче Перов.

Oд 12:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од населба Илинден во општина Илинден.

од 12:00 до 13:30 часот, корисниците од село Крушопек во општина Сарај, Долно и Горно Нерези и објектите на Водно дел од населба Илинден во општина Карпош.

Претходна вестГОЛЕМО ФАЛА за пратениците на СДСМ и ДУИ што го спасија меѓународниот углед на Македонија
Следна вестКовачевски самоуверен: Јас пак ќе бидам премиер, а до 2030 година ќе бидеме во ЕУ