Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.012, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 435 лица. Во Скопје дома се пуштени 50 оздравени пациенти.
Според Министерството за здравство, бројот на приеми во изминативе денови во Скопје се намалува и утрово до 8 часот имало 311 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.