Бугарката Игнатова e меѓу 10-те најбарани бегалци на ФБИ

Ружа Игнатова(42), германска државјанка родена во Бугарија, се нарече себеси криптокралица во 2016 година. Таа ја рекламираше својата компанија УанКоин како профитабилен ривал на Биткоин на растечкиот пазар на криптовалути. Само 16 месеци подоцна, Игнатова се качи на авион во Софија за Атина, а потоа исчезна и од тогаш никој не ја видел, објави Си-Ен-Ен.

Сега Ружа е меѓу 10-те најбарани бегалци на ФБИ, заедно со водачите на банди и убијците. Се верува дека во пирамидална шема луѓето низ светот ги измамила за четири милијарди долари.

УанКоин функционира како шема во која заработувате со тоа што зачленувате други луѓе да купуваат од валутата. Иако егзистира на берзите за крипто многумина сметаат дека тоа не е вистинска криптовалута. На дното на нејзината потерница во ФБИ стои белешка: „Се верува дека Игнатова патува со вооружени чувари или соработници. Игнатова можеби имала пластична операција или на друг начин го променила својот изглед“.

Ружа студирала европско право на Оксфорд по што се вратила во Софија како консултант во МекКинси и Компани, меѓународна консултантска компанија за менаџмент. Се омажила со колега од факултетот, но не сакала деца, туку да биде милионерка до својата 30 година.

Претходна вестЃоковиќ пак перфектен на Австралија Опен, овој пат пострада Рубљов
Следна вестСпасовски: На 4 февруари ќе одлучиме дали Џамбаски ќе влезе во земјава