Темен режим Режим на светлина

Царина ги засили контролите на лиценците во меѓународниот сообраќај, вратени 69 камиони поради несоодветен сертификат за возач

Фалсификувани документи за „Мајбах“ – поднесена кривична пријава Фалсификувани документи за „Мајбах“ – поднесена кривична пријава

Во една недела Царинската управа изврши 8.181 контрола на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи за превоз кои треба да ги поседуваат товарните моторни возила и автобусите во меѓународниот патен сообраќај. Во четири случаи се утврдени неправилности во делот на лиценците, од коишто за три се водат предкривични постапки од страна на Секторот за контрола и истраги, а во 69 случаи камионите се вратени назад поради утврдени неправилности во делот на серфитикатите за професионална компетентност на возач.

Неправилностите во делот на лиценците за вршење јавен превоз во меѓународен патен сообраќај, се откриени при контроли во царинска испостава Блаце, Богородица и Ново село. Во три од случаите кои се откриени во Ново Село и Богородица во моментов се води предкривична постапка од страна на Секторот за контрола и истраги, а поради постоење основано сомневање дека е сторено кривично дело фалсификување на исправа или вршење јавен превоз без поседување лиценца казниво по Кривичниот законик. Во случајот откриен на царинска испостава Блаце на излез од државата правното и физичкото лице се казнети од страна на државниот инспекторат за транспорт заради прекршување на Законот за превоз во патниот сообраќај, а возилото е отстрането од сообраќај со земање на дозволата.

Изминатиот месец Секторот за контрола и истраги поднесе три кривични пријави до Основно јавно обвинителство Гевгелија заради фалсификување лиценци за вршење превоз на стока во меѓународен патен сообраќај.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

16 повредени од пожарот во Кочани се очекува да бидат испишани од болниците

Следна објава

Уапсен 28-годишник од виничко, полицијата му пронајде пушка и дрога