Во Сенатот на САД, следната недела, повторно ќе се да гласа за Резолуција за запирање на војната со Иран и принудување на претседателот Доналд Трамп да побара одобрение од Конгресот за какви било понатамошни напади, изјави лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.
Тој изјавите на Трамп ги нарече „неодговорни” и ја критикуваше војната за тоа што не успеа да ја ослаби иранската влада или да ја ограничи нејзината нуклеарна програма, додека глобалните цени на горивото скокнаа.
Белата куќа вели дека постапките на Трамп се легални и во рамките на неговите права како врховен командант да ги заштити Соединетите Држави.
Републиканците во Конгресот имаат мнозинство и се едногласни во поддршката на Трамп.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






