Темен режим Режим на светлина

Страотна сообраќајка во Турција: Седум жртви во судар на минибус и мешалка

Страотна сообраќајка во Турција: Седум жртви во судар на минибус и мешалка Страотна сообраќајка во Турција: Седум жртви во судар на минибус и мешалка

Седум лица загинаа, а најмалку уште седум се повредени во страотна несреќа што се случи вчера на автопатот Испарта – Анталија во Турција, на излезот од тунелот Карги кога минибус што превезувал земјоделски работници се судрил со камион – мешалка.

 

На самото место загинале возачот на минибусот и неговата сопруга како и пет работнички кои се враќале дома после смена во локалните оранжерии.

 

До судирот дошло кога минибусот, кој се движел кон Бучак, се судрил директно со мешалката за бетон која доаѓала од спротивната насока веднаш по излезот од тунелот, поради лизгавиот коловоз и  неприлагодената брзина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Венс порача од Будимпешта: Не се мешаме во унгарските избори

Венс порача од Будимпешта: Не се мешаме во унгарските избори

Следна објава
Демократите повторно ќе се обидат со резолуција да ги ограничат овласувањата на Трамп за војната со Иран

Демократите повторно ќе се обидат со резолуција да ги ограничат овласувањата на Трамп за војната со Иран