Димитриевски летово потпиша за Валенсија, но би можел наскоро да го напушти клубот

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски по настапите за Рајо Ваљекано, минатиот месец потпиша договор до јуни 2026 година со Валенсија.

Нашиот чувар на мрежата во саботата го имаше првиот настап за клубот од Местаља која одигра 0:0 во контролниот меч против Кастељон.

Денеска познатиот новинар за фудбалски трансфери Фабрицио Романо објави дека Димитриевски има ослободителна клаузула од три милиони евра во договорот со Валенсија.

Само во случај доколку Грузиецот Георги Мамардашвили (кој е член на Валенсија од 2021 година) остане во клубот ова лето, клаузулата ќе важи за Димитриевски веднаш да си замине до последниот ден од преодниот рок.

Во својата кариера македонскиот голман играше и за Работнички, Гранада, Кадиз Б и Химнастик. За нашата А репрезентација има до сега вкупно 70 настапи.

Претходна вестСанкционирани 140 возачи во Скопје
Следна вестАктивни пожарите на Серта и Огражден: гори во Кумановско, Велешко, Штипско, Битолско, Охридско