Темен режим Режим на светлина

Дизелот поскапува за половина денар

Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50  отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,491 ден/кг и сега ќе изнесува 46,295 ден/кг.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Со ова, од ноќеска на полноќ, горивата ќе имаат следни цени:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 71,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,295 (денари/килограм)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Се реконструира улицата „Христо Татарчев“ на површина од околу 7.000 м2

Следна објава

Црвен крст со четири нови санитетски возила ќе им помага на граѓаните да дојдат до болница