На цела територија на Македонја денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степен.
И во следните неколку дена времето ќе биде исто како денес, со тоа што од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во мало опаѓање.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




