Темен режим Режим на светлина

Добра вест: Се отстрануваат штетните азбестни плочи од покривот на ОУ „Ѓорче Петров“

Во основното училиште „Ѓорче Петров“ во населбата Дексион, каде што настава следат 350 ученици, започна отстранувањето на азбестните плочи и се поставува нов енегретски ефикасен покрив.

Веста ја објави Општината Ѓорче Петров, со напомена дека градежните работи треба да завршат за три месеци.

Азбестните цементни плочи се отстрануваат со посебна процедура и потоа ќе бидат однесени во депонијата Дрисла.

За азбестот последниве децении може да се прочита многу, а најчесто тој се смета за многу штетен за здравјето на луѓето, според некои студии е дури и канцероген. Со оглед дека во овој објект најголем број од оние кои поминуваат време се децата, потегот на Општината е за поздравување. Но, исто така, останува и забелешката дека, иако овие азбестни плочи стојат тука 50 години, дури сега е одлучено тие да се сменат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во болниците низ Македонија се лекуваат 1.573 заболени од вирусот, во Скопје вчера примени 70 нови пациенти

Следна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за одложување на пописот до септември