Темно Режим Светло Режим

Доцнења и откажување на летови поради магла во скопската котлина

Намалената видливост во скопската котлина денеска предизвика пореметувања во авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје, при што дел од летовите се реализираат со задоцнување, а еден е целосно откажан. Според информациите од аеродромот, временските услови имаат влијание и врз слетувањата и врз полетувањата.

Кај пристигнувањата, најголемо доцнење има летот на Pegasus Airlines од Истанбул (Сабиха Гокчен), кој наместо во 09:55 часот, се очекува да слета во 11:25. Со околу 30 минути задоцнување се најавува и летот на Wizz Air од Дортмунд. Откажан е летот на AJet од Истанбул, кој требаше да пристигне околу пладне. Летовите од Нирнберг, Фридрихсхафен и Виена засега се реализираат според планираниот распоред.

Доцнења се евидентирани и кај заминувањата од Скопје. Летот на Wizz Air за Париз (Бове), кој беше закажан за 12:25 часот, е одложен и ќе полета во 13:00. Значително пролонгирање има и летот на Turkish Airlines за Истанбул, кој наместо во 13:00, ќе полета во 14:20 часот.

Од аеродромот апелираат патниците редовно да ги следат најновите информации преку официјалниот веб-сајт, со напомена дека не се очекуваат посериозни нарушувања во текот на денот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Вашингтон возврати по нападот кај Палмира: ИСИС под жесток удар

Следниот Пост

Анкета на ИПИС: Мицкоски најдоверлив политичар меѓу граѓаните