Темен режим Режим на светлина

Тешка сообраќајка на автопатот Белград – Ниш: Загинаа маж и жена од Македонија

Двајца државјани на Македонија го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Белград – Ниш во Србија.

Според информациите од српските медиуми, несреќата се случила кај клучката Умчари, кога автомобилот во кој се превезувале излетал од коловозот. Возилото марка „Сеат“, со германски регистарски ознаки, изгубило контрола, а силината на ударот била кобна за патниците на предните седишта.

Од целосно деформираното возило биле извлечени телата на маж и жена – возачот и совозачот, за кои е потврдено дека се македонски државјани.

Во автомобилот имало и уште еден патник, кој го преживеал ударот, но се здобил со тешки телесни повреди и итно бил пренесен во болница.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а истрагата е во тек за утврдување на точните околности и причините што довеле до оваа трагедија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Маглата го парализира авиосообраќајот на скопскиот аеродром

Следна објава
Лоши вести за Реал: Мбапе паузира поради повреда на коленото

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со 59 голови за Реал Мадрид