Темен режим Режим на светлина

Илјадници без струја во Сан Франциско, дел од градот парализиран

Утрово без струја во дел од Карпош и Аеродром Утрово без струја во дел од Карпош и Аеродром

Околу 130.000 домаќинства и компании во американскиот град Сан Франциско вчера останаа без електрична енергија поради масовен прекин во напојувањето. Иако состојбата постепено се стабилизира, речиси 20.000 потрошувачи и натаму се без струја.

Поради прекинот беа затворени бројни продавници и ресторани, а нарушено беше и функционирањето на градскиот јавен транспорт.

Надлежните служби ја истражуваат причината за прекинот, при што информираат дека електричната мрежа се стабилизира и дека не се очекуваат нови прекини во снабдувањето.

Според противпожарната служба, дел од проблемите биле предизвикани од пожар кој избувнал во потстаница на PG&E.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Маглата создава проблеми во авионскиот и патниот сообраќај

Следна објава

Астон Вила му одржа фудбалска лекција на Манчестер Јунајтед