Лидерот на владејачката партија во Република Српска, Милорад Додик, најави дека по победата на неговиот кандидат за претседател ќе следуваа чекори кои водат кон издвојување на Република Српска од Босна и Херцеговина.
Тој појасни дека неговата партија наскоро ќе предложи враќање на сите надлежности што по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор биле пренесени на државното ниво како што се: сопствена војска, гранична полиција и разузнавачка служба.
Додик тврди дека за ваквата политика ја има поддршката на Русија, новата Администрација на САД, Србија, Израел и Унгарија, а смета дека ќе ѝ се приклучат и други европски држави.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: