Темен режим Режим на светлина

Само еден бод и бојкот од навивачите – тешка сезона за Шкупи

Само еден бод и бојкот од навивачите – тешка сезона за Шкупи Само еден бод и бојкот од навивачите – тешка сезона за Шкупи

ФК Шкупи се соочува со сериозна резултатска и организациска криза, а тековната сезона може да има тешки последици за клубот. По првиот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, тимот има освоено само еден бод, што значително ги намалува шансите за опстанок. Проблемите што го следат клубот од почетокот на сезоната продолжуваат и пред стартот на пролетниот дел.

Во пресрет на продолжението од првенството, навивачката група „Шверцери“ најави бојкот на натпреварите. Во официјално соопштение тие посочуваат дека причината е нерешената сопственичка структура и недовербата во начинот на управување со клубот.

Главното барање на навивачите е сопственоста целосно и официјално да биде префрлена од Јасин Коњали на новиот сопственик, кој засега ја извршува функцијата како вршител на должност. Тие нагласуваат дека немаат лични забелешки кон Беким Бафтијари, кој ја презеде организацијата, но присуството на претходното раководство и враќањето на лица од есенскиот дел од сезоната, според нив, ја зголемува неизвесноста.

„Шверцерите“ порачуваат дека нема да има организирана поддршка сè додека не се реши сопственичкото прашање, но истовремено апелираат на смиреност и истакнуваат дека нема да го попречуваат функционирањето на клубот. Доколку сопственоста биде официјално префрлена, тие најавуваат подготвеност за дијалог и повторна поддршка.

Шкупи го започнува пролетниот дел од сезоната од последната позиција на табелата, што сериозно го доведува во прашање опстанокот на клубот во елитното фудбалско друштво.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Нема повеќе узурпација на пешачки патеки и тротоари во Бутел

Нема повеќе узурпација на пешачки патеки и тротоари во Бутел

Следна објава
Додик: Следен чекор е одвојување на Република Српска како самостојна држава

Додик: Следен чекор е одвојување на Република Српска како самостојна држава