За сообраќајната некултура во Скопје е зборувано премногу. Ама никако тоа да вроди со плод. Ниту возачите насилници извлекуваат поука, ниту полицијата успева да ги скроти.
Тоа се гледа низ целиот град. Потребно е само да се застане на некоја ударна крстосница барем 20 минути. Страшни работи може да се видат.
Вчера на некои места стоела полицијата и вршела контрола. И пишувала казни.
-На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за некористење сигурносен појас…, соопшти МВР.
Од полицијата воедно упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Доволен е апел или треба многу посеопфатни контроли и многу повеќе изречени казни низ целиот град?