Темен режим Режим на светлина

Друг затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптоп најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“

Мобилните телефони и лаптопот што беа пронајдени во ќелијата во која престојува обвинетиот Џеваир Камбери, еден од обвинетите за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, не биле негови, соопшти неговиот бранител Насер Рауфи на денешното рочиште.

Адвокатот Рауфи пред судот истакна дека сопственикот на пронајдените 13 мобилни телефони и еден лаптоп самиот се пријавил и признал дека предметите се негови.

„По вашата забелешка на минатото судење дека Камбери внел телефони, во меѓувреме детектиран е сопственикот на телефоните и лаптопот од страна на затворот, и не е Камбери. Го молам судот да се обрати до затворот за таа информација“, рече адвокатот Рауфи.

Судијката Диана Груевска-Илиевска ја внесе оваа забелешка на одбраната во судскиот записник.

На минатото судење, судијката го предупреди обвинетиот Камбери дека му следи самица и други казни, откако во неговата ќелија беа пронајдени забранетите предмети.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

META почна да гаси профили на деца на социјалните мрежи

Следна објава

Повеќе од 120.000 млади Украинци избегале во Полска од август