Темен режим Режим на светлина

Два активни пожари во Гази Баба и Гевгелија, под контрола пожарот во „Дрисла“

До утрово, на територијата на државата се регистрирани вкупно 31 пожар на отворено, од кои по два се активни и ставени под контрола, а 27 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Се уште е активен пожарот кај скопркото слео Виниче, каде гори нискостеблеста шума, како и на планинатат Кожуф, каде е зафатена букова шума.

По контрола се пожарите во депониите „Дрисла“ и Острец во Делчево.

Синоќа избувна пожар над скопското село Морани во Општина Студеничани, кој подоцна, според информациите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) е ставен под контрола.

Како што рече Стојанче Ангелов, директорот на ДЗС, овие пожари генерално ги предизвикуваат дрвокрадци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Париз реагира по ескалацијата на Блискиот Исток: Помош за Либан

Околу 1 милион Французи на улиците

Следна објава

Во Берово утрово најстудено со еден степен, најтопло во Гевгелија со 16