Два дена остануваат од конкурсот за фестивалот за кратки книжевни форми

Уште два дена трае конкурсот за испраќање кратки книжевни форми на Меѓународниот фестивал кој трае до 15 октомври. Како што информираат организаторите, добиени се веќе 500 книжевни форми па конкуренцијата ќе биде силна.

– Единствениот услов е книжевниот текст да не биде подолг од една страница, а на Конкурсот се пријавуваат и учествуваат автори од цел свет. Така, меѓу пријавените се и: Сава Дамјанов (Србија), Махмуд Саид Каваш (Данска), Луцила Трапазо (Италија), Димитар Никленов (Бугарија), Анаис Јаник (Австрија), Дуња Ожеговиќ (Хрватска), Весна Мојсова – Чепишевска (Македонија) и многу други, посочуваат од издавачката куќа и организатор на фестивалот „Феникс“.

Фестивалот се одржува во чест на Денот на Град Скопје, поточно на 24 ноември, кога ќе се одржи и меѓународен научен собир.

Претходна вестДали македонската влада нешто тајно договара со Бугарија? Какви документи Софија му дала на Скопје да потпише?
Следна вестПожар во ковид-болница во Бугарија