Темен режим Режим на светлина

Двајца починати, 193 нови случаи на Ковид-19

Во изминатово деноноќие направени се 894 теста, а регистрирани се 193 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Во Скопје имало 109 случаи, Битола – 17, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Велес – 7, Гостивар и Штип – по 6, Кичево – 5, Прилеп – 4, Тетово, Струмица и Радовиш – по 3, Кочани, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (193), регистрирани се 49 реинфекции. Регистрирани се 97 оздравени пациенти од: Скопје – 62, Битола – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Охрид – по 4, Кавадарци и Неготино – по 3, Велес и Штип – по 2, Гостивар, Прилеп, Богданци и Македонски Брод – по 1.

-Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (85г) и Берово (76г),  починати на ден 13.06.2022 и 20.06.2022, едното лице е починато во болнички услови, а другото во домашни услови, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.211, бројот на оздравени пациенти е 303.989, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 895.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ковачевски: Предлогот е поповолен, протоколот не е во преговарачка рамка, македонскиот јазик е недвосмислено прифатен

Следна објава

Во Мичурин гореше стара барака