Темно Режим Светло Режим

Двајца починати и десет нови заразени во 24 часа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 2.473 тестирања. Во Скопје има седум нови случаи и во Прилеп, Тетово и Струга – по еден.

Пријавени се две починати лица од Гостивар (67г) и Тетово (62г), починати во болнички услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.086 бројката на оздравени пациенти е 150.295, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 300.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

За бугарски експерт, да се бара признавање бугарско малцинство во Македонија е идиотско решение, но дали властите се согласни со тоа?

Следниот Пост
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за 27 април е да се заплашат политичките непријатели на Заев