Џихадисти, преправени во бегалци, уапсени во Германија и Холандија

Германската полиција уапсила седум лица под сомнение дека основале терористичка организација со цел да извршуваат напади слични на Исламската држава. Полициски антитерористички акции врз слична група на исламисти биле извршени и од страна на полицијата во Холандија.

Уапсените се државјани на Туркменистан, Таџикистан и Киргистан. Тие на територијата на германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија влегле веднаш по почетокот на руската војна во Украина во 2022 година.

Германската полиција добила и докази дека овие лица се познавале од порано. Осомничените имале за цел да извршат „напади од висок профил во Германија“ и веќе извидувале цели и се обиделе да набават оружје, за изведување на овие акции

Шест од седумте мажи „собирале пари за ИД од април 2022 година“, соопштија обвинителите, додавајќи дека осомничените „повеќепати“ испраќале средства за терористичката група во странство.

Во мај, германската полиција изврши рација во наводната мрежа за финансирање на ИД, при што уапси четири лица во Северна Рајна-Вестфалија и три во други покраини.

– Истрагата на полицијата доведе до сомнеж дека човекот е припадник на ИД и дека добил наредба да реализира терористички напад, се вели во соопштението.

Двајцата осомничени во Холандија биле „во контакт со неколку лица кои живеат во Германија“, се вели во соопштението на холандското Јавно обвинителство.

 

Претходна вестГладуваат 47,2 милиони луѓе во Западна и Централна Африка
Следна вестВо Ресен почнува фестивалот „Актерот на Европа 2023“