Бура на коментари на социјалните мрежи предизвика синоќешното објавување на фотографија од Лешница на Шар планина во Македонија претставувајќи ја како убавина на Албанија.
-Прекрасната Албанија. Кањонот на Лешница, напиша Рама покрај фотографијата од водопадите на реката Лешница на Шар Планина.
По објавувањето на фотографијата следеше бура на коментари на социјалните мрежи, а реакција од македонската Влада се уште нема.
-На премиерот на Албанија, Еди Рама, не му иде добро географија или се прави дека не му иде. Сликава која ја ставил е од водопадите на Лешница на Шара, на територија на Македонија. Неук е или провоцира? И дали има наши органи кои би реагирале на вакви и слични присвојувања, напиша една граѓанка.