Една година од првиот заразен, до сега 101.214 лица биле виросани, а прогнозираа далеку помалку

Од еден, прв, случај на заразен, па се до 101.214 заразени лица е билансот на едногодишното траење на пандемијата на корона вирусот во Македонија. На денешен ден беше потврден случај на инфицирана жена од Скопје родена 1970 година која престојувала во Италија и во земјава допатувала преку граничниот премин Табановце на 26 февруари 2020 година. Таа пристигнала во комбе во кое имало уште неколку лица. Веднаш беше сместена на интензивна нега во одделот за изолација на Инфективната клиника во Скопје по што властите почнаа со спроведување мерки меѓу кои беше и 14-дневна изолација на останатите патници во комбето.

По овој случај практично почна и брзото ширење на корона вирусот и во нашата земја. Надлежните здравствени органи, министерот за здравство Венко Филипче и главен епидемиолог д-р Жарко Караџовски тогаш предвидуваа дека пандемијата ќе опфати околу 2.000 – 3.000 лица а дека ќе има околу 150 починати. Меѓутоа, текот на пандемијата ги демантира овие прогнози. Досега бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418. Непридржувањето до мерките за заштита од страна на населението, непредвидливоста на вирусот но и ненавремени мерки и нивно нецелосно спроведување од страна на надлежните органи се главни причини за ваквото ширење и последици од опасниот вирус.

Сега се стравува од новиот бран на ширењето на вирусот, врзано за појавата на британскиот сој. Министерот Филипче вчера изјави дека тој е веќе застапен со 70 проценти кај новозаразени пациенти чиј број деновиве е во повторен пораст. Тој не ја исклучи ниту можноста во наредниот период да се преземат нови превентивни мерки.

Сите држави во светот освен со мерки се заштитуваат од пандемијата и со вакцини, кај нас…

Претходна вестСончево со највисока февруарска температура до 20 степени
Следна вестПротести за осудените во „Монструм“, еве кои сообраќајници треба да се одбегнуваат