Сончево со највисока февруарска температура до 20 степени

Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со слаба утринска магла. Минималната температура се спушти до минус 1, а максималната ќе достигне до 20 Целзиусови степени.

На останатото подрачје во Македонија времето ќе биде исто така сончево и топло, во утринските часови по одделни котлини има појава на слаба магла. Минималната итринска температура се движи во интервалот од минус 2 до 3, а максималната дневна ќе достигне од 16 до 22 Целзиусови степена.

Во сабота во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне, поради продор на постудена воздушна маса, облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува умерен, по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец.

Од недела ќе има позначителен пад на температура, особено на дневната, а ќе има и повремено зголемување на облачноста.

Претходна вестСе стесни кругот: Уште 9 наслови останаа во конукренција за „Роман на годината“
Следна вестЕдна година од првиот заразен, до сега 101.214 лица биле виросани, а прогнозираа далеку помалку